Столе Пандов советник за млади на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со директорот на Асоцијацијата на европска младинска картичка (EYCA), Манел Санчез, и програмскиот менаџер, Корина Пирвулеску.
Денес одржав состанок со директорот на Асоцијацијата на европска младинска картичка (EYCA), Манел Санчез, и програмскиот менаџер, Корина Пирвулеску.
Соработката со EYCA е од големо значење за сите млади, бидејќи преку картичката им се нудат попусти на голем број услуги, од транспорт и сместување до културни настани и активности, што значително го подобрува животот и можностите за развој на младите. Очекуваме успешна имплементација на проектот со кој младите од Македонија ќе добијат можност за подобра мобилност и креативност со младите во Европа.
Во фокусот на разговорот беа можностите за проширување на соработката кои ќе ги поттикнат младите во Македонија да ги користат предностите на европската младинска картичка. Разговаравме за идните проекти и можности за воведување нови поволности кои ќе им овозможат на младите луѓе поефикасен пристап до услугите.