Home » Пандов: Некои полицајци кои работат во затворот Шутка не треба да носат униформа – го срамат затворскиот систем

Пандов: Некои полицајци кои работат во затворот Шутка не треба да носат униформа – го срамат затворскиот систем

by Журнал.мк

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Тој нагласи дека по пронајдениот телефон кај Васил Јованов, полициски службеници од Интервентната полиција отишле да направат претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони.

– Откако викендот беше пронајден телефонот во Шутка, веќе во понеделникот од Интервентна полиција веќе беа отидени таму да направат претрес во притворскиот дел и беа пронајдени 70 телефони. По два-три дена подоцна повторно извршија претрес таму и беа пронајдени 35 телефони. Вчера, исто така, во полу-отвореното и отвореното одделение најдоа 30 и нешто телефони. Тоа се бројки што мене ме загрижуваат, рече Пандов.

Интервентна полиција направила контрола во штипскиот затвор и затворот во Струмица, каде од прилика бројот на затвореници изнесува 110, но, како што рече, таму биле најдени само три телефони.

– Како споредба, во понеделникот исто таква интервенција имавме во штипскиот затвор и тие беа да направат контрола во затворот во Струмица, каде има од прилика 110 затвореници, а беа најдени само три телефони. Има дел затворски полицајци кои што работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем. Треба да им биде јасно дека сите до еден ќе бидат фатени и ќе бидат избркани од работа. Ќе се потрудам со цел мој авторитет којшто го имам тие да се најдат позади решетки. Во последните акции кои што ги имавме се испостави дека одредени ликови кои иако се наоѓале во затворите биле на чело на нивните кланови и банди со кои командувале внатре од затворите, рече Пандов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk