Home » Панчевски излегува од затвор, укината му е пресудата

Панчевски излегува од затвор, укината му е пресудата

by Журнал.мк

По две недели откако почна да ја издржува затворската казна, поранешниот судија и претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, се очекува денеска да излезе од затворот во Шуто Оризари.

Врховниот суд, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во велес и на Апелациониот суд во Скопје, донел решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување..

Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, за Канал 5 потвредија дека веќе го примиле решението на Врховниот суд и дека текот на денот Панчевски ќе биде пуштен на слобода.

Жалбата до врховен, неговиот адвокат ја поднел поради повреди на кривичниот законик и на законот за кривична постапка односно поради повреда на правото на одбрана.

На Панчевски прво велешкиот суд му изрече затворска казна од 3,6 години, а апелација му ја намали на 2,6 години затвор. Беше прогласен за виновен за злоупотреба на системот за распределба судски предмети АКМИС.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More