Во денешното сведочење Љупчо Палевски, првоосомничениот за убистата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упорно продолжи со тврдењето дека во Турција отишол да се лечи, а денеска додаде и дека сакал да открие „важни информации за македонската историја“.
Од воениот архив на Истанбул требаше да земам доказ дека во Баница на 4 мај 1903 година немало ниеден турски аскет и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од Врховистите, тврди Палевски.
Тој вели дека кога стасал во Турција, на граница имал контакт со Велибор Манев, кој му дал број од Турчин што знае македонски. Тој му објаснил дека во Истанбул тешко ќе најде евтина куќа за изнајмување и му го предложил Баликесир кој е на 200 километри од Истанбул.
– Прифатив затоа што мојата намера беше во Истанбул да изгубам само еден ден, за магнетна резонанца. Во неделата на 3.12 сакав да направам епизода од „Крш муабети“ 114, но не го направив зашто веќе бев прогласен за монструм и ќе беше смешно да правам поткаст – рече Палевски.