Home » Палевски однесен на распит во скопското Обвинителство

Палевски однесен на распит во скопското Обвинителство

by Журнал.мк

Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска од истражниот затвор Шутка е спроведен на распит во скопското Обвинителство.

Обвинителката Жаклина КрстевскаЈосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој пред дваесетина дена беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство.

Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.

Покрај Палевски, за случајот веќе обвинети се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се товарат за по две кривични дела – убиство и грабнување. Меѓу обвинетите е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More