Штајех, кој е на функцијата од 2019 година, вели дека оставката ја поднесува за да овозможи формирање широк консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна во Газа
Палестинскиот премиер Мохамад Штајех најави оставка на неговата влада, која владее со делови од окупираниот Западен Брег, поради ескалацијата на насилството на окупираниот Западен Брег и војната против Газа, пренесува „Ал џезеира“.
„Одлуката за оставка дојде во светло на невидената ескалација на Западниот Брег и Ерусалим и војната, геноцидот и гладот во Појасот Газа“, рече Штајех додавајќи дека му ја поднесе оставката на претседателот Махмуд Абас.
Штајех, кој е на функцијата од 2019 година, вели дека оставката ја поднесува за да овозможи формирање широк консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна во Газа.
Штајех рече дека во следната фаза ќе бара нови владини и политички аранжмани кои ќе ја земат предвид новонастанатата реалност во Појасот Газа, разговорите за национално единство и итната потреба за меѓупалестински консензус.
Потегот доаѓа во време на зголемениот притисок на САД врз Абас да ја разниша палестинската самоуправа, бидејќи меѓународните напори се интензивираат да се запре војната и да се започне со работа на создавање на политичка структура за управување со енклавата по војната.