Home » Палчо стапна на македонско тло, го чека подготвена посебна ќелија

Палчо стапна на македонско тло, го чека подготвена посебна ќелија

by Журнал.мк

Осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.

Палевски по 6 месеци екстрадиционата постапака на релација Македонија-Турција доби зелено осветло да биде превезен. Тој слета со редовен лет на аеродромот во Скопје.

Неговата следна дестинција е директно во истражниот затвор Шутка за издржување на мерката притвор.

Првообвинетиот за киднапирање и убиство на Ѓорчевска и Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија и ќе се движи по посебен ходник.

Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More