Падна Владата во Австрија, јавуваат медиумите во таа земја. Коалициските преговори помеѓу три коалициски партии се при крај, меѓутоа НЕОС најави повлекување од преговорите.
Претседателката на НЕОС Беате Мајнл-Рајзингер во петокот наутро на прес-конференција соопшти дека преговата со „рацете врзани зад грб“. Таа кажа дека поради СПО, веќе не можат да видат можност да се приклучат, како што кажа, на „слатката коалиција“.
„Преговараме енергично од првиот ден, сакавме да направиме повеќе од потребното“, изјави Мајнл-Рајзингер.
Ваквиот развој на ситуацијата е, пишуваат австриските медиуми, изненадувачки. Имено, само еден ден претходно, австрискиот канцелар Карл Нехамер, член на Австриската народна партија, звучеше уверен дека ќе се формира „слатка коалиција“. Тоа сценарио пропадна.
ОВП и СПО сега се обидуваат да го убедат НЕОС барем да гласа за буџетот. Според „Кронен Цајтунг“ ќе се утврди дали ОВП на Нехамер и шефот на СПО Баблер ќе продолжат да преговараат.