Home » Падна таванот во основно училиште кај Рача во Србија, учениците се пратени дома

Падна таванот во основно училиште кај Рача во Србија, учениците се пратени дома

by Журнал.мк

Во една од училниците во Основното училиште „Караѓорѓе“ во Сараново во општина Рача, Србија, се урнал таванот, а учениците биле пратени дома и во училишната зграда нема да има настава, пренесува Н1.

Од утре наставата ќе се организира на друго место.

Како што дознава агенцијата Бета од Томислав Вељковиќ од Рача, реконструкцијата на училишната зграда во Сараново завршила пред четири месеци.

Таванот со целата реконструкција паднал за време на велигденските празници, а утринава по пристигнувањето на наставниците во училиштето учениците се пратени дома поради несигурноста на зградата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk