37
Кран се урна денеска на градилиште лоцирано во поранешната касарна во Битола, потврдуваат очевидци. На местото на настанот е присутна полицијата, која врши увид и обезбедување на теренот, објави АПЛА.
Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица или причините за падот на кранската конструкција. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.