Цената на јачменот да биде по 9,5 денари по килограм, земјоделците денеска на состанок во Министерството за земјоделство се договорија за откуп на јачемнот. Откупувачите дополнително ќе плаќаат превоз и ДДВ. Ќе се откупува и скалдираниот јачмен во силусите до 31 март.
„Денеска имавме состанок во Министерството за земјоделие околу откупната цена на јачменот и договоривме сите откупувачи да ја истакнат цената која треба да биде 9,5 денари по килограм. Дополнително ќе се плаќа превозот и плус ДДВ. Се договоривме да се плати ланското складирање по силусите и оваа година ќе биде платено за скалдирање на јачменот до 31 март.“ – вели Серафимов.
Цената на јачменот не е целосно прифатлива за земјоделците, но е согласно цената на јачменот во околните земји. Позитивно е што ова е една од подобрите години и има доволно производство на јачмен.
„Овие мерки не се баш прифатиливи, но моментално ситуацијата е таква бидејќи во сите околни држави цената на јачменот е таа. Оваа е една од подобрите години. Просекот ќе се движи околу 450 до 500 килограми по декар“- додава Серафимов.
Извоз на јачмен нема бидејќи како што вели Серафимов цената е речиси иста во сите околни земји.