Германските трговци во март забележале благ пад на прометот во споредба со претходниот месец, соопшти националниот завод за статистика.
Прометот од февруари е намален за сезонски прилагодени 0,2 проценти. Продавачите на храна оствариле малку поголем промет, додека побарувачката за стоки како што се текстилот и обувките опаднала. Сепак, прометот во малопродажбата бил реално за 2,2 проценти повисок во споредба со март минатата година, а номинално за 3,2 проценти.