Корисниците ширум светот се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на некои од најпопуларните дигитални сервиси и телекомуникациски мрежи.
Според податоците на сервисот Downdetector, во последните неколку часа се забележани пријави за прекини кај повеќе технолошки гиганти.
Најголем број пријави се забележани кај Instagram и Facebook, а проблеми има и кај гејминг платформата Diablo.
Популарниот AI асистент Claude AI исто така е во прекин, што оневозможува пристап за илјадници корисници.
Проблеми се пријавени кај најголемите американски и глобални провајдери како T-Mobile, Verizon, AT&T и Spectrum.
Забележан е и остар прекин кај Cloudflare, што често е причина за „домино-ефект“ и паѓање на многу други веб-страници кои ги користат нивните услуги.
Честопати ваквите прекини се поврзани со проблеми во централните сервери или грешки при ажурирање на софтверот на глобално ниво.








