Home » Пациентите од пожарот во Кочани добиваат нова компресивна облека и третман

Пациентите од пожарот во Кочани добиваат нова компресивна облека и третман

by Журнал.мк

Во следните денови, 46 лица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат сместени во одморалиштето во Пониква. Медицинските лица веќе забележуваат значителни подобрувања кај 58 пациенти што носат компресивна облека, која има важна улога во третманот на лузните. Дополнително, се вршат подготовките за изработка на компресивна облека за уште 14 лица, со помош на која ќе можат да ги изведуваат неопходните физикални вежби и ќе имаат заштитен фактор килу нивните лузни.

Лекарите ги советуваат пациентите стриктно да ги почитуваат препораките за носење на компресивната облека во поголем дел од денот, најмалку 23 часа. Притоа, во наредните две години, облеката треба да се менува на секои шест месеци, а Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди два сета по пациент.

За осум од повредените, ќе бидат изработени и силиконски маски прилагодени со 3Д скенирање за третман на лицето, вратот и главата, по консултации со пластични хирурзи. Планирано е претставници на компаниите производители да го посетат регионот и да соберат повратни информации од пациентите, а потоа ќе почне и изработката на вториот пар компресивна облека.

Покрај тоа, се размислува и за привремени решенија како силиконски протези за прстите, особено за децата со ампутација, додека се очекува дополнително мислење од специјалистите од пластична хирургија. Дел од пациентите сè уште се лекуваат во Клиниката за пластична хирургија, а други се очекува да се вратат од странство.

Болницата доби и нова пратка од креми наменети за третман на изгореници, од кои половина веќе се дистрибуирани во одморалиштето во Пониква. Исто така, стигнаа и 95 парчиња лепенки кои пациентите долго ги чекаа и тие постојано ќе се доставуваат. Болницата склучи договор со пулмолозите од ГОБ „8 Септември“, и во тек е изработката на список на пациенти за проверка на белите дробови, која ќе се врши во Кочани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk