Home » Паѓаат акциите на Apple поради слабата продажба на моделот ‘iPhone 16’

Паѓаат акциите на Apple поради слабата продажба на моделот ‘iPhone 16’

by Lina Muslija

Акциите на Apple паднаа за околу 2 отсто, откако аналитичарот Минг-Чи Куо рече дека компанијата ги намалила нарачките на iPhone 16 за околу 10 милиони единици за четвртиот квартал од оваа година и првата половина на 2025 година.

Куо изјави дека кратењата најмногу се однесуваат на обичните модели на iPhone 16, а многу помалку на iPhone 16 Pro, кои имаат поубави екрани и подобри камери и се попопуларни меѓу потрошувачите, објави CNBC.

Тој сега предвидува дека партнерите на Apple ќе произведат 80 милиони iPhone-и во текот на четвртиот квартал, што е помалку од околу 84 милиони минатата година.

Куо го проценува производството во првиот квартал од 2025 година на 45 милиони единици, што е намалување од 48 милиони една година порано и 39 милиони единици во вториот квартал од 2025 година, два милиони помалку од 41 милион пред 12 месеци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk