Home » Паѓа откупната цена на тутунот, сериозен удар за над 20.000 семејства

Паѓа откупната цена на тутунот, сериозен удар за над 20.000 семејства

by Журнал.мк

Тоа значи помалку пари за тутунарите оваа година што кај нив создава револт но и несигурност, во период кога имаат зголемени трошоци на производство а цените на останатите производи секојдневно се зголемуваат.

Производството на тутун е важна гранка во македонското земјоделство што носи сериозен годишен девизен прилив.

Сепак, годинава, кај семејствата кои одгледуваат тутун повторно се јавува загриженост и неизвесност, поради тоа што откупната цена за оваа година покажува значителен пад во споредба со минатата.

Според податоците презентирани од министерот Цветан Трипуновски, цените годинашнава реколта се поставени на 375 денари за прва класа, 300 денари за втора, 240 денари за трета, додека дополнителната класа е проценета на 115 денари по килограм.

Тоа се значително пониски цени од минатогодишните кога тутунарите добиваа значително повисоки суми благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, воведена од претходната Влада.

Со таквата линеарна субвенција, цената на првата класа тутун лани достигна над 460 денари за килограм.

Иако како опозиција го критикуваа, како власт Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ годинава субвенциите ги распоредија по класи односно 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа

Тоа значи помалку пари за тутунарите оваа година што кај нив создава револт но и несигурност, во период кога имаат зголемени трошоци на производство а цените на останатите производи секојдневно се зголемуваат.

Во Македонија околу 20.000 семејства живеат од производство на тутун, производ што на државата и носи девизен прилив од над 120 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk