Home » ожд од метеори вечерва е забележан над целиот Балкан, како и на небото над Македонија. „Добивме информации за повеќе метеори/огнени топки во период од 19 до 21 часот над небото над Македонија“, стои во известувањето на Охридската астромонска асоцијација. Метеорски дожд е забележан и во Хрватска, Бугарија, Романија и во другите земји.

ожд од метеори вечерва е забележан над целиот Балкан, како и на небото над Македонија. „Добивме информации за повеќе метеори/огнени топки во период од 19 до 21 часот над небото над Македонија“, стои во известувањето на Охридската астромонска асоцијација. Метеорски дожд е забележан и во Хрватска, Бугарија, Романија и во другите земји.

by Журнал.мк

Руската амбасада во Париз бара од француските власти објаснување за причините за апсењето на Павел Дуров, сопственикот на Телеграм. Досега не наидовме на никаква соработка, велат од руската амбасада во француската престолнина.

„Откако во медиумите се појави веста за апсењето на Павел Дуров, веднаш побаравме од француските власти да ги разјаснат причините за апсењето, побаравме од денеска да се заштитат неговите права и да се обезбеди конзуларен пристап, но француските власти избегнаа интеракција по ова прашање“, изјавија за РИА од прес-службата на руската дипломатска мисија во Париз.

Реагираше и Марија Захарова, портпаролката на руското МНР, која ги повика меѓународните невладини организации да излезат во одбрана на Дуров, бидејќи во 2018 година го повикаа, како што вели, Кремљ да не ја блокира оваа апликација.

Захарова на својата Телеграма доставила список на невладини организации кои во 2018 година побарале од руските власти „да престанат да создаваат пречки“ во работата на Телеграм и праша дали сега ќе го брани и извршниот директор на таа платформа Павел Дуров, пренесе руската агенција.

„Се сетив како во 2018 година група од 26 невладини организации, вклучително Хјуман рајтс воч, Амнести интернешенел, Фридом хаус, Репортери без граници, Комитетот за заштита на новинарите и други, ја осудија одлуката на рускиот суд за блокирање на Телеграма“, напиша Захарова.

Основачот на Телеграм, кој има француско државјанство, бил приведен на аеродромот во Париз Бурж веднаш откако го напуштил приватниот авион со кој полетал од Азербејџан.

Според локалните медиуми, француското правосудство смета дека Дуров е вмешан во бројни злосторства и може да се соочи со обвиненија за тероризам, трговија со дрога, измама и перење пари.

Според францускиот новинар Кирил Амурски, на овој бизнисмен му се заканува казна затвор до 20 години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More