Home » Овошје коешто секоја жена постара од 50 години треба да го консумира: Сојузник е на убавината и најдобар борец против стареењето

Овошје коешто секоја жена постара од 50 години треба да го консумира: Сојузник е на убавината и најдобар борец против стареењето

by Lina Muslija

Со текот на годините нашето тело се менува исто како и неговите потреби, па така организмот во педесеттите години нема да функционира исто како во дваесеттите и ќе му биде потребно многу повеќе здрава храна и витамини, за човекот да биде здрав и да има енергија.

 

 

Едно овошје коешто е вистинска здравствена бомба којашто нуди многу бенефити за организмот, е она што секоја дама постара од 50 години треба го вклучи во својата исхрана. Станува збор за мангото коешто содржи високо количество витамин Ц и којшто е вистински зајакнувач на имунитетот. Мангото е одличен извор на бетакаротен, фотосинтетички средства, пигменти со антиоксидантски својства коишто помагаат во спречувањето на стареењето.

 

 

Покрај ова мангото ќе им биде одличен сојузник и на сите оние коишто сакаат да ослабнат. Поради неговиот ефект на заситување, ниската калориска вредност и високиот удел на лутеин, којшто помага во елиминацијата на токсини, мангото лесно се вклопува во секоја диета, а свежото манго исто така содржи калиум, калциум и магнезиум.Исто така, познато е дека мангото поради тоа што содржи витамин Б, не само што помага во одржувањето на меморијата туку и го подобрува расположението.

 

 

 

Неколку студии покажаа дека мангото исто така може да помогне во подобрувањето на сонот, зголемувајќи го производството на серотонин во организмот – клучниот невротрансмитер, одговорен за регулација на циклусот на спиење.

 

Мангото исто така може да се смета и за сојузник на убавината. Богат е со витамин А и каротеноиди како што ликопенот, за којшто е познато дека го поттикнува производството на колаген, а тоа што е уште поважно ја штити кожата од оштетувања предизвикани од УВ зрачење. Поради тоа што содржи полифенол, мангото е одличен антиоксидант кој се бори против слободните радикали коишто предизвикуваат предвремено стареење, брчки и олабавена кожа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk