Жените тежнеат кон младешки изглед, а добрата вест е што за тоа не се потребни скапи третмани, туку одлични резултати може да имате и во домашни услови. Дерматолозите се согласни дека куркумата е многу моќен сојузник на затегнатото лице. Од овој зачин можете да направите квалитетна домашна маска за само неколку минути. Еве како:Потребни состојки: половина лажиче куркума 1 лажиче јогурт половина лажиче кокосово масло може и маслиново, арганово…)
Начин на приготвување:
Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да отстои 30 минути и потоа измијте го лицето. Треба лицето добро да го измиете со топла вода, тоник или сапун.

Зошто куркумата е добра за лицето и како дејствува:
Куркумата уште од дамнешни времиња е многу ценет зачин и одамна нејзината примена не се ограничува само на приготвување храна. Изобилува со антиоксиданси и антибактериски својства, поради што е одлична за кожата. Куркумата штити од ултравиолетови оштетувања, отстранува акни, ѝ ја враќа еластичноста на кожата и младешкиот изглед.
Дерматологот Ширази вели дека куркуминот што се содржи во овој зачин е одговорен за регулирање на воспалителните процеси на кожата.
Тања Корејли, дерматолог, пак, додава: „Поради тоа што куркуминот е богат со антиоксиданси и антиинфламаторни компоненти, се покажа како корисен во лекувањето различни состојби, како што се егзема, псоријаза и витилиго. Исто така, се користи и за отстранување флеки.“
Од сите предности што куркумата ги нуди за убавината, доктор Вилијамс рекол дека можеби најинтересната придобивка е „потенцијалната способност на куркумата да ѝ помогне на нашата кожа да изгледа помладо“, укажувајќи на резултатите од истражувањето од 2014 година, кое ја покажало способноста на куркумата да ја намали металопротеиназата и реактивните видови кислород, од кои и двете играат огромна улога во губењето на младешкиот изглед.
Исто така, истражување од 2009 година покажало дека екстрактот од куркума помага во спречувањето брчки, промена на бојата и губење на еластичноста на кожата.