ЕВН Македонија најави планирани прекини во напојувањето со електрична енергија за утре, 11 декември 2025 година, на неколку локации во Тетово и тетовскиот регион. Прекините ќе траат од 09:00 до 14:00 часот, а ќе бидат опфатени следните места:
Село Одри– делови од населеното место ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.
Тетово– дел од подрачјето на Попова Шапка, конкретно објектите што се наоѓаат во близина на одморалиштата на ЕВН.
Село Одри (македонско маало)– објекти лоцирани во овој дел повторно ќе бидат засегнати од прекинот.
Од компанијата информираат дека прекините се дел од редовните технички активности за подобрување на мрежата, а по завршувањето се очекува стабилизирано и подобрено снабдување.
Граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски и да преземат соодветни мерки додека трае прекинот во напојувањето.








