Home » Ова се кандидатите за пратеници на ЗНАМ во Изборна единица 2

Ова се кандидатите за пратеници на ЗНАМ во Изборна единица 2

by Журнал.мк

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги објави целосните кандидатски листи за претстојните парламентарни избори.

Во изборна единица 2, каде што спаѓа и Куманово, како најголема општина во државата, носител е Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“, а покрај него се најдоа луѓе кои се нови на политичката сцена.

„За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на листите за пратеници номинираше луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини, чесни луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ“, рече Никола Мемов, портпарол на Движењето ЗНАМ.

Тој нагласи дека во ЗНАМ веруваат дека граѓаните на Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Новинарите побараа коментар за рејтингот на господин Максим Димитриевски, кој според последната објавена анкета, е повисок од рејтингот на сегашниот Претседател на државата, Стево Пендаровски, за што портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов рече:

„Како резултат на конзистентните политики на Движењето ЗНАМ и нашите политички ставови, трендот во јавноста е зголемување на довербата на граѓаните кон нашиот Претседател, господинот Максим Димитриевски и движењето ЗНАМ-За наша Македонија. Како и досега во неколку наврати напоменавме дека конечната анкета ќе ја испорачаат граѓаните на денот на изборите“.

Запрашан дали ЗНАМ очекува неговиот кандидат за Претседател, Максим Димитреивски да влезе во вториот изборен круг од претседателските избори, Мемов рече:

„Одговорот на вашето прашање е апсолутно да,очекуваме Димитриевски да влезе во вториот круг“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More