Home » Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

by Журнал.мк

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите:

Посочи дека овие кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. Сите кандидати кои се избрани, го имаат поминато тестот на граѓаните, велат од партијата.

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

За Град Скопје целиме да го избереме најдобриот кандидат, рече тој, не посочувајќи име засега.

-Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини. Дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ, рече Сајкоски.

Посочи дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk