За иселеноста како голем проблем на Македонија, дебатиравме денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 со професорот Марјан Бојаџиев.
Бојаџиев кажа дека има аларматно празнење на средни училишта, а тоа покажува дека се иселуваат цели фамилии.
„Ова е алармантно. Европа сега е отворена за примање на работници, бидејќи има недостиг на кадар. Заминуваат и млади, заминуваат и постари, затоа што има празнење на средни училишта. Тоа значи дека заминуваат цели семејства. Економските мотиви стануваат помалку важни, од социјалнтие мотиви. Зошто да живеам во држава каде треба да му платам мито некому за да завршам некоја работа, потоа во загаден воздух. На крајот на краиштата еден е животот“, рече Бојаџиев.