По многу одложувања, свечено беше отворена градинката за 115-те деца на општина Арачиново.
Според жителите, во Арачиново имало голема потреба од градинка.
„Едната внука е во градинка, а другата е во прво одделение. Со нетрпение го очекувавме отворањето на градинката и нтребаше време да се отвори, но сега дојде денот. Арачиново има потреба од ваков објект“, рече еден Жител на Арачиново.
„Ова градинка требаше да биде пред 20 години, но сега се надевам дека е подобро. Потребен е уште една, но добро е за почеток“, додаде друг Жител на Арачиново.
Пордаи немање градинка, родителите беа принудени привремено да се иселат од селото зашто немаа каде да ги носат своите деца, додека тие се на работа.