Home » Отворена продавница каде што може да се купат чет-ботови

Отворена продавница каде што може да се купат чет-ботови

by Журнал

OpenAI лансира продавница која ќе нуди чет-ботови и апликации базирани на вештачка интелигенција.

Калифорниската компанија OpenAI лансираше продавница на специјализирани чет-ботови базирани на вештачка интелигенција (AI), наречена GPT Store, која нуди широк спектар на апликации базирани на напредни модели на вештачка интелигенција како што се GPT-4 и DALL-E 3.

Чет-ботови се дистрибуираат низ категории како што се начин на живот, пишување, истражување, програмирање и образование, известува Tech Crunch.

Продавницата е достапна за претплатниците на премиум програмите на OpenAI, како што се ChatGPT Plus, ChatGPT Enterprise или ChatGPT Team.

Корисниците без програмски вештини можат да развијат свои чет-ботови со вештачка интелигенција со помош на алатката GPT Builder, така што дури и лаиците можат да градат свои иновативни апликации.

За да може четбот да биде поставен во продавницата GPT, тој треба да помине низ процес на верификација и преглед спроведен од OpenAI.

Програмерите засега не можат да наплаќаат за користење на нивните чет-ботови, но OpenAI планира да воведе програма за монетизација во првиот квартал што ќе им овозможи да добиваат плата за нивната работа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More