Home » Отворен е нов прозорец на соработка и пријателство помеѓу Северна Македонија и Бугарија

Отворен е нов прозорец на соработка и пријателство помеѓу Северна Македонија и Бугарија

by Журнал.мк

По вчерашната посета и средба помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија напревен е првиот исчекор, отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу двете земји, којшто веруваме дека ќе резултира со поддршка на нашата евроинтеграција.

Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на соработка, пред се во економијата, инфраструктурата, трговијата и деловната соработка.

Во оваа насока е и воспоставувањето работни групи во повеќе области, во економијата, инфраструктурата, трговијата, културата, образованието кои значат за граѓаните, за нивната иднина, но се особено важни за младите.

Република Бугарија се согласи да ја користи кратката верзија на уставното име, подеднакво како и долгото име за што веќе ја има известено и Организацијата на обединетите нации.

Отстранувањето на ова прашање од процесот на разговори преку усогласен и пријателски однос од двете страни преставува прв голем чекор од новото поглавје на односите помеѓу двете соседни земји.

Соопштение за јавност: Социал Демократски Сојуз на Македонија

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk