Home » Отворен Балкан би можел да нè дотолчи: Од денеска македонските граѓани полесно до работа во Србија и Албанија

Отворен Балкан би можел да нè дотолчи: Од денеска македонските граѓани полесно до работа во Србија и Албанија

by Журнал.мк

Србија очекува да привлече огромна работна сила од Македонија и од Албанија.

Нашиот северен сосед се подготвува да им ја отвори вратата на работниците од Македонија и од Албанија, со цел да привлече квалитетна работна сила и да ја засили својата економија.

Оваа иницијатива е резултат на Отворен Балкан, кој овозможува слободен пристап до пазарот на труд помеѓу земјите на Западен Балкан.

Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, на Бизнис форумот во Копаоник објави дека од денеска започнува аплицирањето за отворениот пазар на труд. Очекувањата се дека Србија ќе има најголеми придобивки од оваа иницијатива.

Имплементацијата на системот за заеднички работни дозволи помеѓу Србија, Македонија и Албанија официјално ќе започне од денеска – 05 март 2024 година.

Граѓаните кои сакаат да аплицираат за работа во некоја од овие земји ќе треба да извадат идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID).

Процедурата вклучува креирање на електронски идентитет на националниот Портал за е-управа, а потоа поднесување на барање за слободен пристап до пазарот на труд. Одговорот ќе биде даден во рок од 30 дена.

Србија, Македонија и Албанија се надеваат дека оваа иницијатива ќе придонесе за подобро економско соработување во регионот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More