Home » Отповикувањето градоначалник нема да се применува ретроактивно

Отповикувањето градоначалник нема да се применува ретроактивно

by Журнал.мк

„Очекувам утре предлог измените на Законот за локална самоуправа да бидат јавно достапни на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи), за да имаат сите чинители уште триесетдневен рок да дадат сугестии, забелешки и предлози и покрај целиот консултативен процес кој се одржа во изминатиот период“, најави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Меѓудругото, обелодени дека механизмот за отповик на градоначалник, една од алатките предвидена со законските измени, нема да може да се користи во првата и последната година од мандатите на градоначалниците. Првата, поради кусиот рок за реална оценка за работата на градоначалникот, а последната поради нелогичноста тоа да се преземе во пресрет на избори.

„Изменетиот закон нема да важи ретроактивно, но извесно е дека оние кои не ја извршувале функцијата совесно, ќе ја платат казната на политичката сцена“, истакна министерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk