Vivo овој месец ќе претстави два смартфони и тоа моделите Vivo S20 и S20 Pro. Спецификациите на основниот модел „протекоа“ уште во октомври, а сега се познати и деталите за Pro моделот.
Според Digital Chat Station, S20 Pro ќе користи 6,67-инчен LTPS OLED екран со резолуција од 1.260 x 2.800 пиксели и заоблени рабови на сите четири страни. На предната страна ќе има селфи камера од 50 MP, додека на задната страна ќе биде поставена главна камера од 50 MP со Sony IMX921 сензор, ултраширока камера од 50 MP и перископска телефото камера од 50 MP со 3x зумирање и Sony IMX882 сензор.
Смартфонот ќе биде придвижуван од MediaTek Dimensity 9300+ процесор, а ќе се напојува со батерија со капацитет од 5.500 mAh и поддршка за брзо жично полнење од 90W. Во екранот ќе биде интегриран оптички сензор за отпечатоци.
Веќе е објавено дека основниот S20 ќе има ист екран и селфи камера како Pro моделот, но ќе го користи Snapdragon 7 Gen3 процесорот. Интересно е што овој модел ќе има поголема батерија со капацитет од 6.500 mAh, неговата дебелина ќе изнесува само 7,19 mm, а тежината ќе биде 185,5 грама.