Home » Откриени дилери на марихуана и амфетамин: дрогата ја криеле во бункери во Бутел, обвинителството поведена истрага

Откриени дилери на марихуана и амфетамин: дрогата ја криеле во бункери во Бутел, обвинителството поведена истрага

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истрага против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин.

Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомничените.

За сите тројца јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk