Home » Откриена е тајна американска база на Гренланд, закопана под мраз-од НАСА зачудени: Ова е град

Откриена е тајна американска база на Гренланд, закопана под мраз-од НАСА зачудени: Ова е град

by Журнал.мк

„На почетокот не знаевме што е тоа“, вели истражувачот на криосферата, Чад Грин, но потоа се покажало дека научниците повторно откриле напуштен „град под мразот“. Camp Century бил тајна американска воена база од времето на Студената војна која беше дел од „Проектот Iceworm“, објави USА Today.

Оваа тајна база, која служела како складиште за нуклеарни проектили и лансирна рампа, сега се наоѓа на 30 метри под ледената вода.Вкупно 4.023 километри тунели и системи за ровови требало да бидат издлабени во ледената покривка што може да се користат како складишта и лансирни рампи за нуклеарни проектили со среден дострел (IRBM).

Изградбата на Camp Century започнала во 1959 година, но базата била напуштена во 1967 година, бидејќи било премногу скапо и тешко да се спречи рушењето на тунелите во ледената покривка која постојано се менува. Откако базата била напуштена, снегот и мразот продолжиле да се акумулираат, а цврстите структури на објектот сега лежат најмалку 30 метри под површината. Благодарение на модерната технологија, тие сега се повторно пронајдени.

„Некои делови од структурите се видливи на начин на кој никогаш порано не биле“, вели Грин.

Откривањето на таен воен објект од Студената војна им помага на научниците да ги разберат климатските промени. Грин и неговиот тим навистина сакале само да калибрираат нов тип на радарски систем UAVSAR за мапирање на внатрешните слоеви на ледената покривка.

„Без детално познавање на дебелината на мразот, невозможно е да се знае како ледените плочи ќе реагираат на брзото затоплување на океаните и атмосферата. Ова сериозно ја ограничува нашата способност да го предвидиме порастот на нивото на морето“, вели членот на тимот Алекс Гарднер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk