Home » Откриен е нов, прецизен метод за дијагностицирање на Алцхајмерова болест

Откриен е нов, прецизен метод за дијагностицирање на Алцхајмерова болест

by Журнал

Откриен е нов, прецизен метод за откривање на Алцхајмеровата болест преку анализа на крвта, а откритието може да донесе револуционерен чекор напред во дијагнозата на болеста, најавија истражувачите.

Мерењето на нивото на протеинот наречен p-tau 217 во крвта би можело да биде многу сигурен показател за откривање знаци на прогресивна состојба на Алцхајмерова болест, имајќи предвид дека овој протеин е всушност маркер за биолошки промени во мозокот на лице со болест, според Sky News.

Експертите тврдат дека овој метод може да се покаже како подобар од голем број други тестови кои моментално се развиваат.

Во студијата во која учествувале 786 испитаници, истражувачите со помош на нов тест сакале да откријат кој од нив би имал најмалку, а кој од нив најголеми шанси за развој на Алцхајмерова болест.

„Оваа студија е добредојден чекор во вистинската насока бидејќи покажува дека тестовите на крвта можат да бидат исто толку точни како и поинвазивните и поскапи тестови за откривање на симптомите на Алцхајмерова болест“, објасни Ричард Оукли, вонреден директор за истражување и иновации во Здружението за Алцхајмерова болест.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More