Home » Откажани сите летови на аеродромот во Ајндховен

Откажани сите летови на аеродромот во Ајндховен

by Журнал.мк

Сите летови од и до аеродромот во Ајндховен се прекинати од утрово поради технички проблем што го оневозможи аеродромот да работи и не се очекува да се реши пред раните попладневни часови.

„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во кусото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот NL Times.

Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично тргнуваат од 07:00 часот наутро, но во 08:30 денес, Кралските воздухопловни сили објавија на платформата X дека се чини дека проблемот со мрежата го предизвикал прекинот на аеродромот.

„Се уште не е јасно кога ќе се реши нарушувањето. Работиме на решение“, се вели во соопштението.

На аеродромот во Ајндховен денеска требаше да слетаат околу 58 летови, вклучувајќи 21 лет закажани пред 13 часот.
Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ на аеродромот Шипхол, како што соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More