Home » Откако ги изгубил парите го запалил и апаратот и казиното

Откако ги изгубил парите го запалил и апаратот и казиното

by Журнал

Вечерва лице кое изгубило пари во казино,  подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од  станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот.

„Денеска 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Пожарот бил локализиран од страна на ТППЕ Велес, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Повикот за интервенција кон ТППЕ Велес бил упатен во 17,45 ч. во казино во новиот дел на градот. Опожарени од гостин во казиното, со запалива течност, биле апарати во просторијата. Пожарната интервенирала со две возила и десетина пожарникари. Огнот бил локализиран во 19,45ч. Превентивно е исклучена електричната енергија од едниот влез во зградата“ – соопштија од ЦУК.

На местото од пожарот била и екипа на Итната помош, но од неа никој на побарал лекарска помош.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More