Од семејниот буџет на пензионерите Кметови, секој месец за редовната терапија им се одлеваат речиси 5.000 денари. Ако тргнат на дополнителен преглед тоа се плус пари.
Бидејќи пензиите им се мали, велат од големо значење би било, ако терапијата биде на сметка на државата. Иако беше најавено за околу Нова година, нови лекови на позитивната листа ќе има пред летните одмори.
Позитивната листа требаше да се обновува секои три месеци со по неколку лека.
Досега, концептот на менување лекови на позитивната листа е пасивен и тоа мора да се промени, па компанијата која има голема заработка, да мора да донесе лек којшто е потребен, а не носи многу профит.
Во септември лани на позитивната листа беа ставени лекови за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагреганси, за депресија и за деменција.