Home » Освежените Alpina B3 и B4 добиваат моќност до 529 КС

Освежените Alpina B3 и B4 добиваат моќност до 529 КС

by Lina Muslija

Стандардно правило е кога BMW ќе направи фејслифт на некој од своите автомобили кратко потоа и Alpina ќе се појави со ажурирана изведба на сопствените верзии на истите возила. Така, по премиерата на освежените Серија 3 и 4 доаѓаат новите Alpina B3 и B4 GT.

Ознаката „GT“ е нова, но таа е онаа што Alpina ја користеше минатата година за изданијата на старата B5 базирана на Серија 5. Во овој случај, сепак, B3 и B4 GT се редовни сериски модели на Alpina, иако тие носат некои значајни промени во однос на обичните B3 и B4 што ги заменуваат.

Една од тие надградби се однесува на S58 шестцилиндричниот битурбо 3,0-литарски мотор, истиот оној мотор како и кај M3 и M4, кој добива покачување на моќноста за 35 КС над стандардните B3 и B4, со што вкупната системска моќ се зголемува до 529 КС. Со оглед на тоа што Alpina сега е во сопственост на BMW, не може да биде случајно што М3 и М4 имаат 530 КС по нивното неодамнешно засилување во средината на животниот циклус, со што барем симболично (за само 1 КС) го зачува нивниот статус на врвни перформансни модели.

Сепак, Alpina B3 и B4 создаваат поголем вртежен момент, испорачувајќи ги истите 730 Nm како порано, но ја оддржуваат предноста во однос на BMW M3 и M4 кои располагаат со 650 Nm.

BMW Alpina B3 GT Touring 2025

Перформанси

Инаку, дополнителната моќност која ја добиваат моделите на Alpina прават секој од трите GT модели со погон на сите тркала да бидат побрзи за 0,2 секунди до „стотка“ во однос на автомобилите што ги заменуваат. Седанот B3 GT сега забрзува од 0-100 км/ч за 3,4 секунди, што е за десетина побрзо од M3 Competition xDrive, кому му се потребни истите 3,5 секунди како караванот B3 GT и B4 GT Gran Coupe.

BMW Alpina B4 GT 2025

Предноста на новите B3 и B4 GT достигнува до цела секунда до моментот кога новото трио ќе достигне 200 км/ч, а кај сите нив е зголемена максималната брзина. Седанот B3 GT стигнува до 308 км/ч, додека преостанатиот пар достигнува нешто „поскромни“ 305 км/ч.

Надградбите на шасијата вклучуваат поголема задна лента против превртување и ревидирани амортизери на B3 моделите, и нови амортизери, засилени предни држачи за суспензија и нов тјунинг за управувањето и електронски контролиран заден LSD на B4.

BMW Alpina B4 GT 2025

Сите модели сега доаѓаат со мали перки на предницата во мотоспорт стил и сплитер на предниот дел, нов сјајно црн дифузер и црни издувни цевки на задниот дел, B4 ги наследува ажурираните фарови на M4 и 3D задните светла првично видени на M4 CSL, а B3 сега е поставен на 20-инчните тркала кои претходно резервирани за B4.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More