Mokka е вистински хит за Opel – компактниот кросовер ги привлекува помладите купувачи, а отсега има уште еден (односно три) силен аргумент во своето портфолио – храбрите нови бои!
Од Opel кажуваат дека Mokka се осмелува да биде различна од прв поглед. Самата боја сина Kolibri, како стандардна, ја прави новата Mokka апсолутно привлечна! Купувачите можат да ја изберат темно сината боја за секоја верзија на Mokka без дополнителни трошоци. Ако сакате да бидете малку подискретни а подеднакво карактеристични, можете да се одлучите за сивата Graphik, која ги истакнува контурите на новата Mokka.
Купувачите кои сакаат да ја пренесат идејата за одржлива мобилност во свеж, нов изглед со нивната Mokka можат да се одлучат за зелената Tropikal. Бојата го симболизира пристапот „Greenovation“ на Opel и во исто време ја буди желбата за спортско, ефикасно управување.
„Новата Opel Mokka е привлечна, смела и самоуверена во секој поглед. Особено впечатливите бои совршено му прилегаат на овој каркатер. Затоа ги дизајниравме новите бои сина Kolibri, зелена Tropikal и сива Grafik Grey и ги додадовме во нашата понуда. Купувачите сега можат да изберат смели бои за нивната Mokka кои исто така ја изразуваат нивната личност“ – изјави Nikola Kalabic, раководител на тимот за управување со тековните SUV возила.