Home » Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција

Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција

by Журнал.мк

Грчката полиција трага по две деца кои биле пријавени за исчезнати на 13 јули на островот Родос.

Како што пишуваат грчките медиуми, тие биле киднапирани од нивната мајка и речиси еден месец од нив нема ни трага ни глас. Во Грција е активиран „амбер алерт“ за потрага по децата за кои се верува дека се во опасност, пишуваат грчките медиуми.

Мајката ги однела синот Јоанис Рафаел Апостолакис (8) и ќерката Агапи Апостолакис (6) во непознат правец, а полицијата го повикува секој кој ги видел децата или има некаква информација да извести во најблиската полициска станица.

Јоанис има кафени очи и кафена коса, висок е 130 сантиметри и со нормална тежина. Не е познато што носел во моментот на неговото исчезнување.

Ирини има кафени очи и кафена коса, висока е и слаба 115 сантиметри. Исто така, не е познато што носела во моментот на исчезнувањето.

Секој со каква било информација се замолува да се обрати на „Детска насмевка“ на 24-часовните телефонски броеви и на „Европската линија за исчезнати“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More