Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е позитивен на Ковид-19. Тој е со лесни симптоми, а во следните пет дена ќе биде во карантин,
Остин примил и дополнителна доза вакцина против Ковид-19. Тој средба со американскиот претседател Џо Бајден имал на 21 декември, повеќе од една недела пред појавата на симптоми н а коронавирусот.
Мојот лекар ми објасни дека благодарение на тоа што сум целосно вакциниран и имам примено и дополнителна доза на почетокот од октомври, инфекцијата е многу полесна, истакна Остин.
Тој додаде дека ќе остане во карантин, а на клучните средби и дискусии ќе учествува вирутелно.