Home » Осогово доби нов тренер: Горанчо Георгиев седнува на тренерското столче на „жетварите“

Осогово доби нов тренер: Горанчо Георгиев седнува на тренерското столче на „жетварите“

by Lina Muslija

По три одиграни кола и само еден освоен бод од можни девет второлигашот Осогово направи тренерска промена и на местото на Добринко Илиевски кој си замина доаѓа Горанчо Георгиев, кој ќе ги води „жетварите“ во продолжението од сезоната.

Георгиев во својата кариера како фудбалер има настапувано за Осогов, Силекс, Работнички, Шкендија, Победа, штипска Брегалница, а за сениорската репрезентација на Македонија има четири настапи.

Георгиев кој поседува А тренерска лиценца, своето деби ќе го има овој викенд на пријателски натпревар со прволигашот Брера Струмица.

Осогово минатата сезона во последното коло го избори опстанокот, а во новата сезона целта е клубот да биде стабилен второлигаш и да биде изборен опстанокот многу порано.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More