Home » Основачот на WhatsApp летува на Јадранот со луксузна јахта

Основачот на WhatsApp летува на Јадранот со луксузна јахта

by Журнал.мк

Јан Кум, милијардерот и основач на WhatsApp пристигна во Хрватска. Неговата суперјахта долга дури 100 метри е снимена помеѓу островите Лопуд и Шипан, пишува Дубровник Тајмс.

Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари, а моментално ужива на хрватското приморје на брод тежок 200 милиони долари.

Луксузната јахта е опремена со џакузи и хелиодром, а има место за 15 гости во вкупно осум кабини. Освен луксузна јахта, овој милијардер поседува и приватен авион и други луксузни недвижнини.

Ова не е прв пат Кум да ужива во Хрватска. Претприемачот со украински корени пред три години одморал во Хрватска, кога на Вир бил фотографиран со три луксузни мегајахти.

Јахтата Moonrise, најскапата меѓу нив, вреди 220 милиони долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More