14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Османи: Законот за јазици нема да се ревидира

Најчитани вести

Според него, не смее да се дозволи Законот за јазици да ризикува некој друг важен процес во државата, особено правната држава.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека Законот за јазици нема да се ревидира и оти препораките на Венецијанската комисија се однесуваат на недостигот на капацитети во институциите за негова целосна имплементација.– Основната идеја на препораките на Венецијанската комисија е недостигот од капацитети во институциите за целосна имплементација на сите одредби на Законот да не влијае врз другите процеси, на пример во судството, да не влијае во одложување на судските процеси, некој да го злоупотреби Законот за одложување на судски процеси итн – рече Османи.

Според него, не смее да се дозволи Законот за јазици да ризикува некој друг важен процес во државата, особено правната држава.

– И затоа одлуката е дека Законот нема да се ревидира, нема таква препорака од Европската комисија, туку преку акциски планови, преку работните групи треба во оваа транзиторна фаза додека законот не влегува во сила, а тоа е една година после негово донесување, да се подготват овие капацитети со цел да нема влијание врз другите процеси – рече Османи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com