Home » Османи: Украина е само првата станица на Руската империјална амбиција, следната е Балканот!

Османи: Украина е само првата станица на Руската империјална амбиција, следната е Балканот!

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес учествуваше на конференција насловена “Украина: Две години херојство”, каде што се одбележа двегодишнина од руската агресија на Украина, организирана од Амбасадата на Украина во Скопје и ЦИВИЛ.

“Денес се собравме да го испочитуваме нивниот спомен и да ја увериме Украина дека ќе продолжиме со нашата поддршка и во иднина. Ќе продолжиме да стоиме на страната на Украинците и да им ја даваме поддршката што им е неопходна за одбрана и обнова на нивната земја. Северна Македонија ја поддржува Украина како на политички, така и на оперативен план, и ќе продолжи да ѝ дава поддршка се’ додека е потребно. Во оваа насока, би го споменал нашиот придонес во билатерални рамки, но и на меѓународно ниво”, истакна Османи.

Во своето излагање Османи, акцент остави и на неговите заложби, како претседавач со ОБСЕ, за изнаоѓање практични решенија за помош на Владата и народот на Украина во надминување на тешките предизвици.

“Украина беше еден од главните приоритети на нашето претседавање со ОБСЕ, САД – Јадранската Повелба и ПСЈИЕ. Во својство на претседавач со ОБСЕ, два пати ја посетив земјата и силно се залагав за изнаоѓање практични решенија кои би им помогнале на Владата, граѓанското општество и народот на Украина во надминување на предизвиците со кои се соочуваат. Во исто време, бевме силно фокусирани да укажуваме постојано на итната потреба да се стави крај на оваа војна. Понатаму, додека претседавав со А5, иницијативата објави заеднички изјави со поддршка за Украина и силна осуда за руската инвазија”, рече Османи, додавајќи дека како НАТО земја членка, остануваме цврсти во нашата посветеност за дополнително засилување на политичката и практичната поддршка за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и својот суверенитет и територијален интегритет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More