Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како реакција на денешната изјава на Никола Димитров кој рече дека нема доверба во министерот зошто тој сака спорот со Бугарија да го реши по секоја цена.
„Моите лични позиции, како Министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме, и тоа: и кога заеднички ги градевме државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создававме Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараме за надминување на разликите со нашите соседи“, се наведува во реакцијата на Османи.