Home » Османи: Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија

Османи: Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија

by Журнал.мк

Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и дијалогот продолжува на ниво на експерти и политички групи. Целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи. Динамиката на новиот пристап во разговорите со Софија продолжува и оваа недела со средба на работната група за евроинтеграции и со состанокот на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи, што ќе се одржи во Скопје.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

Османи, на брифинг со новинарите, рече и дека португалскиот предлог останува се уште важечкото решение по кое што се разговара. – Ние сакаме да го затвориме ова прашање еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно. Ниту сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња, туку да имаме еден сеопфатен документ што би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни и со кои ќе се заокружи ова прашање. Тоа ни гарантира нам дека нема да има отворање нови прашања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна, дециден е Османи.

Министерот појасни дека согласно Договорот од 2017 постои инструмент Меѓувладина комисија која секоја година потпишува протокол за имплементација на Договорот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More