Home » Османи претседателски кандидат на ДУИ: Не потврдува, но не ни демантира

Османи претседателски кандидат на ДУИ: Не потврдува, но не ни демантира

by Журнал

„Во партијата не сме разговарале на таа тема се уште, но јас немам видено поисплашени луѓе на една прес конференција за една таква идеја“ – рече во кратката изјава министерот Бујар Османи за Сител.

Од опозициските партии на етничките Албанци реагираа на информацијата дека актуелниот МНР е можен кандидат за шеф на државата.

„Кога веќе се дозна јавно дека кандидат на ДУИ за претседател на државата ќе биде Бујар Османи, би сакале да ја потсетиме јавноста, кој е всушност овој кандидат и колку заслужува да биде кандидат, а камоли избран претседател.

Можеби некој и заборавил, но оние што ги следат настаните кај нас добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство на Владата на Груевски, а негов единствен успех во тие години беше ‘најкорумпираниот албански министер досега“ – велат од опозициските партии на Албанците.

Можноста ДУИ да исфрли свој кандидат во претседателската трка, се чини најголем страв предизвикува на Бихаќка каде според анкетите, поддршката на интегративците ќе биде клучна ако партијата сака да направи добар резултат во првиот круг.

Од друга страна и албанската опозиција најавува дека може да излезе со свој кандидат за претседател а за таа функција се споменува името на Арбен Таравари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More