Home » Османи потврден кандидат, ДУИ уценува со избор на претседател во Собрание за состав на влада

Османи потврден кандидат, ДУИ уценува со избор на претседател во Собрание за состав на влада

by Журнал.мк

Утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори и ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата на ДИК.

Избирачкиот список што ќе оди на избори се заклучува и потпишува најдоцна 15 дена пред изборите. Тројца кандидати, од единаесетемина кои собираат потписи за трката за претседателската функција и за влез во Вила Водно се блиску до бројката од 10 илјади потписи.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи кој е адутот на ДУИ веќе е сигурен дека ќе оди во претседателската трка. Според пресекот на Државната изборна комисија заклучно со 26 февруари, тој собрал 10 528 гласови.

– Следен на листата е кандидатот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, за кого досега се потпишале 8 400 граѓани и кому му недостасуваат уште 1 600 потписи за да биде сигурен учесник на изборите. За кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари се потпишале 7 513 граѓани. Универзитетската професорка Билјана Ванковска – фаворит на Левица и четврта по број на собрани потписи добила потпис од 6 237 поддржувачи. За кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, заклучно со вчеравечер, својот потпис го ставиле 4 718 граѓани. Од преостанатите кандидати, Мерсиха Смаиловиќ собрала 696 потписи, а кандидатот Вело Марковски 682потписи. Досега ниту еден потпис не собрал кандидатот Томе Николоски. – велат од ДИК.

Од матичната партија на Бујар Османи задоволни – велат дека сега ќе се фокусираат на идејата на партискиот лидер Ахмети за избор на Претседател во Собранието со двотретинско мнозинство и со Бадентер.

Потписи, ќе собира и актуелниот претседател Стево Пендаровски кој ја ужива поддршката од СДСМ. Оттаму за идејата на нивниот коалициски партнер на Илинденска велат дека претседателот треба се избира на непосредни демократски избори од страна на граѓаните,а не во парлементот.

Освен со пратеничка поддршка, со граѓански потписи ќе биде дополнета и кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе почне да ги собира потписите еден ден по партиската конвенција на 2 март на која ќе биде официјализирана нејзината кандидатура за шеф на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More