Home » Османи: Не може да има Влада без двојно мнозинство, без ДУИ нема Бадентер

Османи: Не може да има Влада без двојно мнозинство, без ДУИ нема Бадентер

by Журнал.мк

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, укажа денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.

-Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година, рече Османи.

Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More