Home » Османи на средба со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ

Османи на средба со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава.

Средбата беше во функција министерот да ги брифира амбасадорите и да даде пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.

Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.

На средбата се дискутираше и за учеството на Северна Макоеднија во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во тој контекст, Османи истакна:

„ Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 % што е индикатор дека земјата ги споделува вредностите и проинципите на надворепшната политика на Европската Унија”.

Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More