16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Османи испрати „Иницијатива 8“ до бугарската и албанската колешка

Најчитани вести

„Иницијатива 8“ сега е во рацете на Софија и Тирана. Во писмото кое шефот на дипломатијата Османи го упати  до бугарската министерка Захариева и албанакста министерка Џачка, се предлага нова политичка платформа која ке ги обедини трите држави околу заедничката стратешка цел – Коридорот 8. Крајно време да се отстранат пречките  за постојаното одложување на инвестициските проекти долж Коридорот, им напиша Османи на своите колешки.

Отстранување на причините за постојаното одложување на овие проекти ќе претставува позитивен импулс за дополнителна политичка, економска, безбедносна, културна и општествена соработка меѓу трите земји; ќе има соодветен придонес и во унапредувањето на севкупната соработка и зајакнување на безбедноста во регионот, а ќе има особено влијание и врз заедничката цел за европските перспективи на целиот регион, стои во писмото.

Османи ги потсетува Захариева и Џачка дека Македонија, Бугарија и Албанија како членки на Алијансата имаат одговорност не само за безбедноста туку и за развојот и добрососедските односи во регионот. 

„Како предводници на дипломатиите во трите држави на Балканот, членки на НАТО, преку кои се поврзува Јадранското со Црното море, како претставници на земјите кои го поврзуваат истокот со западот на Балканот, сметам дека имаме обврска да ги премостиме географските, историските и политичките бариери кои го отежнуваат поврзувањето и ја обременуваат подлабоката соработка“,вели Османи во писмото.

Захариева како една од причиние зошто Бугарија не ја одобри преговарачката рамка за македонија, ја наведе и бавната изгадба на транспортниот Коридор 8, обвинувајки ја македонската страна за некооперативност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести